06 Декември, 2025
0.0309

(ФОТО) Запознајте го Стефан Ѓоковиќ – наследникот на Ноле!

Објавено во: Стил 22 Октомври, 2014 10:44

Добивај вести на Viber

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена вчера станаа родители, а на новороденото момче му го дадоа името Стефан. Српскиот „рекет број еден“ за ова информираше на социјалните мрежи, а денеска објави и прва фотографија од бебето. Јелена се породи доцна синоќа во болницата во Монте Карло. „Се роди Стефан, нашиот мал ангел. Многу сум горд на мојата преубава сопруга Јелена. Во благодарам на сите за љубовта и поддршката. Ве сакаме!!!“, напиша Ѓоковиќ на Твитер. Новак и Јелена се венчаа на 10 јули на свети Стефан, а два месеци претходно објавија дека очекуваат принова. Но, полот на бебето не го откриваа во јавност до неговото раѓање.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: