(ФОТО) Завршени двете драми во Франција
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2015 18:24
Според последните информации, акциите се оценети како „успешни“, но се уште се непознати деталите ниту вкупниот број жртви и ранети.
Акцијата прво била спроведена во магацинот во кој се криеја двајцата браќа Куаши, а десет минути подоцна специјалните единици упаднале во продавницата во Париз каде осомничениот за убиство на полицискиот службеник држеше повеќе заложници, а најмалку двајца од нив тој ги уби.
Акцијата во магацинот на печатницата во местото Дамартен де Гоел отпочнала во 17 часот по повеќечасовна опсада на локацијата, кога се слушнал еден истрел од огнострелно оружје.
Околу 17 часот и 30 минути било потврдено дека напаѓачите на редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“, браќата Куаши, се убиени, како и дека 26 годишен заложник е ослободен без притоа да биде повреден.
Браќата Куаши наводно порачале пред почетокот на опсадата дека „сакаат да умрат како маченици“.
Само десетина минути подоцна почнала и акцијата во Париз, каде од рано утринава траеше заложничката криза.
Втората акција траела подолг временски период и се слушнале поголем број истрели и детонации, а грабнувачот, осомничен за вчерашното убиство на полицаец, бил убиен.
Според првичните информации, има и поголем број ранети лица, меѓу кои и полицајци, а не е познат ниту статусот на соучесничката и девојка на грабнувачот.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




