28 Март, 2024
0.0229

(ФОТО) ЅИРНЕТЕ КОЛКУ МОЌНО ИЗГЛЕДА ЈАХТАТА НА ИДНИНАТА: Ќе може да го заобиколи светот без да запира

Објавено во: Стил 20 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Футуристичка јахта на циришката компанија “SolarImpact Yacht AG” може да го отплови цел свет, а притоа не мора ниту еднаш да се запре за да се наполни со гориво.

Делото на швајцарските креатори се движи на соларен погон, а долготрајна пловидба овозможуваат соларните плочи доволни да покријат тениски терен.

Покрај кабините за малобројна екипа, на бродот има место за уште десет патници, кои се сместени во четирикреветни простории. Со пловилото управува само едно лице, бидејќи голем дел од работата ја презема вештачка интелигенција.

Батеријата од 800 kW овозможува десет часа непрекинато пловење, но времето може да се продолжи благодарение на сончевата енергија. Соларните плочи на кровот зафаќаат површина од 300 квадратни метри така да можат да послужат како единствен погон доколку дозволат условите.

Јахтата има и два дизел мотори од 65 киловати, па погонот е загарантиран и по облачно време.



Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи