17 Мај, 2024
0.0327

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Повеќе нема изнесување нафтен талог од ОКТА, ќе се создава плодно земјиште

Објавено во: Економија 29 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Фото: Фактор

ОКТА е единствената компанија во регионот која повеќе нема да го чува, односно да го изнесува нафтениот талог, бидејќи ќе го користи за создавање на плодно земјиште. Тоа воедно е и првата компанија која го користи овој потполно еколошки процес.

Заедно со Факултетот за земјоделски науки и храна работат на иновативен еко проект за третман на нафтен талог, депониран како остаток при процесот на преработка на сурова нафта од 7.000 м2 во изминатите 30 години.

Станува збор за постапка на мешање на нафтениот талог со почва во која се одвива природниот процес на биоразградување и фиторемедијација, односно прочистување на еко системот со помош на растенија во затворени бетонски базени.

                       Нафтениот талог кој ќе се нанесува на површините

Очекуваме дека успешната реализација на проектот ќе овозможи резултати што ќе бидат полезни и за други компании кои се соочуваат со слични проблеми. Наместо нафтен талог, сега имаме  земјиште на кое се одгледуваат растителни култури. Веруваме дека со предлозите и исклучителната  стручност на нашите вработени, како и со препораките на професорите од Факултетот за земјоделски науки и храна, дојдовме до иновативен пристап во менаџирање со талозите. Отидовме и чекор понапред преку изнаоѓање ефективно решение за заштита на животната средина“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.

           Почвата се меша со нафтениот талог со цел да се добие плодно земјиште

                    Јанис Геруланос, Главниот извршен директор на ОКТА

Проектот се спроведуваше во неколку фази. Нафтениот талог и земјата беа измешани во два водонепропусни бетонски базени со трислојна хидрофобна заштита, со цел почвата и подземните води да се заштитат од какво било влијание. 

    Бетонски базен кој е исполнет со почва, талогот ќе се измеша а потоа ќе се                                                          засадат  житните култури

При тоа се поставија две опитни парцели, секоја со површина од 200 метри квадратни, каде минатата есен беа засеани ‘рж, јачмен и пченица, а пролетва и пченка, маслодајна репка и сирак, култури кои беа препорачани како најсоодветни за да се изврши фиторемедијацијата. Анализата на примероци од нафтениот талог покажа дека нема присуство на метали, што беше доказ дека талогот е погоден за спроведување на овој експеримент. 

Во есенска и пролетна сеидба засадени се `рж, јачмен, пченица, пченка, маслодајна                                      репка и сирак. Сите култури добро напредуваат 

Во наредниот период ќе се вршат лабораториски анализи за да се утврдат биолошките, морфолошките и производните карактеристики на засеаните култури. Откако резултатите ќе бидат интерпретирани се планира постапката да се применина површина од дополнителни 600 метри квадратни односно во уште два базени во кругот на ОКТА.

„Почвата е ограничен ресурс, не може да се увезе и само два отсто е плодна. Со растенијата ќе ја неутрализираме деконтаминацијата и горниот површински слој ќе стане плоден„ рече д-р Татјана Миткова, предводникот на тимот од Факултетот за земјоделски науки и храна, која работеше заедно со студенти, екипи од ОКТА, а има и подршка од Министерството за животна средина. Според Миткова, оваа метода е најефективна и на крајот обезбедува повеќе и поквалитетна храна.

Татјана Миткова, предводникот на тимот од Факултетот за земјоделски науки и храна, која работеше заедно со студенти, екипи од ОКТА, а има и подршка од                                                   Министерството за животна средина

Во подготвителната фаза на проектот беа остварени контакти и средби со повеќе рафинерии во странство и со институции и експерти кои работата во оваа област.

- Добро е што сето ова станува македонска реалност, ја имплементираме нашата наука а деловната заедница е свесна дека треба да биде лидер во заштита на природата - рече министерот Јани Макрадули.


           Меѓу поканетите гости и министерот за животна средина Јани Макрадули

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА