05 Декември, 2025
0.2499

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Заев кум на свадбата на Зекири

Објавено во: Стил 03 Ноември, 2019 11:54

Добивај вести на Viber

Пратеникот Мухамед Зекири се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска во хотелот Double Tree by Hilton, каде што кум беше премиерот Зоран Заев со неговата сопруга Зорица Заева.

Освен тоа, на свадбената весеба поканет бил и претседателот на државата Стево Пендаровски, а присуствувале и министри од Владата како Радмила Шекеринска, Венко Филипче, Рената Дескоска и други.

Присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари, нивни поранешни колеги. Мухамед Зекири во моментов е потпретседател на владејачката СДСМ и пратеник во Собранието.  Претходно долги години беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М, како и новинар во неколку други медиуми во земјава.

Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија. Нивната љубов траеше долги години наназад, и како што за Фактор велат нивни познаници, успеа да ги преброди сите препреки и предрасуди, а сега да биде крунисана и со брак. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: