(ФОТО+ВИДЕО) ПОПЛАВА „ГОЛТНА“ КУЌИ: Најмалку пет луѓе загинаа
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2018
Калифорнија е погодена од силни дождови предизвикани од студениот бран што го зафати целиот Западен брег во САД.
Возачите се предупредени да бидат подготвени за влошена видливост и силни удари на ветер и да возат внимателно. На луѓето им се советува да не излегуваат од куќите.
Луѓето раскажуваат дека од дождовите се создале цели реки. На улиците има дебел слој од кал и паднат дрвја. Многу луѓе се без струја во домовите. Според метеоролозите можно е да наврнат дождови повеќе од вкупните количини за 10 месеци.
Поплавите во Калифорнија доаѓаат по големите шумски пожари во кои загинаа 44 лица во октомври.