(ФОТО+ВИДЕО) Снегот „зароби“ 13.000 туристи, има опасност од лавина
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2018
Гостите на швајцарскиот ски-центар Зермат се отсечени поради снегот.
Во целиот комплекс има околу 13.000 туристи, кои не можат да заминат, потврдија локалните власти. Состојбата дополнително е влошена поради тоа што снегот предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија.
Во прекин е и железничката линија, а расчистувањето на патот е отежнато поради опасноста од лавини.
„Посетителите не можат да скијаат или да планинарат, но состојбата е генерално мирна“ - изјави портпаролката на скијачкот центар, Џенин Имеш.
Во областите над 1.500 метри надморска височина во Швајцарија во изминатиот период падна над метар снег. Зимскиот центар, што се наоѓа во подножјето на врвот Матерхорн, има над 13.000 легла.
И италијанскиот зимски центар, Червинија е отсечен поради снегот, додека во Сестриере лавина се одрони врз петкатна зграда, но нема човечки жртви.