18 Мај, 2024
0.0788

(ФОТО+ВИДЕО) Заложничка драма во Сиднеј: Терорист поставил четири бомби во продавница за чоколади

Објавено во: Свет 15 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Вооружен напаѓач во една кафетерија во Сиднеј држи во заложништво десетина лица, а на прозорите од локалот истакнати се Исламски знамиња. Поради заложничката криза блокиран е поголем дел од градот во кој се наоѓаат државни институции како и седишта на голем број компании. Драмата трае веќе неколку часа и се уште не се наѕира крај. Некои од светските медиуми наведуваат дека бројот на заложници се движи од 10 до 50 лица додека „Russia today“ тврди дека напаѓачот во заложништво држи 40 лица. Терористит тврди дека поставил четири експлозивни направи, две во кафетеријата и уште две во околината каде што се наоѓа локалот. Ваквата информација ја споделиле двајца заложници кои успеале да избегаат. Sidnej1 „Daily mail“ пишува дека терористот ги распоредил заложниците на прозорите од локалот. „Може да се видат нивните лица. Изгледаат престрашено и напнато“, соопштил новинарот Крис Рисон од „Seven Network“. Специјалните единици на органите на редот извршиле евакуација на централниот плоштад во Сиднеј, а огромен број полициски службеници го опколиле локалот „Lint“ во кој престрашените заложници застанати крај прозорите држат црни знамиња со бели арапски букви, пренесуваат светските агенции. Sidnej2 Сведоци наведуваат дека станува збор за знамето на „Шахад“, на кои пишува „Нема друг бог освен Алах, Мухамед е божји гласник“. Репортерите кои се на местото на случувањето соопштуваат дека до сега од кафетеријата успеале да излезат пет лица за кои не е познато дали успеале да избегаат или се пуштени од страна на напаѓачот. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=Eu2QIo0rQcg[/embed] Премиерот на Австралија, Тони Абот, повика состанок со службата за одбрана на националната безбедност. Premijer Australije Toni Abot sazvao je sastanak službi za odbranu nacionalne bezbednosti. „Се уште не го знаеме мотивот на напаѓачот, не знаеме дали мотивациите се политички иако има назнаки за тоа“, истакнал Абот. Тој додал дека целата суштина на политички мотивираното насилство е да се сее страв помеѓу луѓето. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=KOJWvZt7a5c[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков