Фотоволтаичната електрана во ТЕЦ Осломеј ќе чини 7 милиони евра а ќе вработи 1000 работници
Објавено во: Економија 08 Јануари, 2019 09:29
Седум милиони евра ќе чини изградбата на фотонапонска централа Осломеј а токму местото каде што е предвидено да се гради таа фотоволтаична електрана ќе го посетат денеска министерот за економија и заменик генералниот директор на ЕЛЕМ.
Крешник Бектеши заедно со Фатмир Лимани ќе одат во обиколка на ТЕЦ Осломеј и фотонапонската централа Осломеј.
Според најавите електраната ќе се гради на 15 хекатари земјиште на веќе постоечкиот рудник во околината на РЕК Осломеј .
Сумата од седум милиони евра за оваа инвестиција е набавена со заем од 5,9 милиони евра од Европската банка за обнова и развој или додека 1,1 милион ќе бидат обезбедени од сопствени средства на ЕЛЕМ.
Околу 1000 работни места се предвидува да донесе изградбата на оваа фотоволтаичната електрана а вработените прво ќе поминат соодветна едукација.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




