Франција, Чешка, Шпанија и Португалија воведуваат затворања поради Ковид -19
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Февруари, 2021
Франција, Чешка, Шпанија и Португалија воведуваат построги мерки и нови затворања за да го спречат ширењето на коронавирусот.
Карантинот во Белгија е продолжен, а строгите мерки се сила во Германија и Ирска. Шведска пред неколку дена воведе построги мерки. Делумното затворање е на сила од овој викенд во делови на Франција кои се особено тешко погодени од пандемијата на коронавирус, имено областа Ница и крајбрежјето на југ и север околу Данкирк. Чешка се приближува до бројката од 20.000 смртни случаи. Владата во петокот донесе одлука за воведување на нова вонредна состојба, која ќе стапи на сила во недела и ќе трае 30 дена. Во Шпанија на сила е полициски час, кој ќе трае најдоцна до мај. Португалија воведе ново затворање на 15 јануари. Нов бран на коронавирус го зафати Балканот.
Најтешка е состојбата во Унгарија, каде за 24 часа има 4.948 инфекции и 107 починати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.