ФРАНЦУСКИОТ ЕКСПЕРТ ЗА ВАКЦИНИ КРИСТИЈАН ПЕРОН ОТКРИВА: Вакцината на Фајзер е измама, постарите луѓе кои не се заразени ќе служат како заморчиња
Објавено во: Свет 13 Декември, 2020 09:10
Еминетниот професор
Кристијан Перон, раководител на одделот за инфективни болести во болницата Гарш
во Париз во интервју за француското радио Суд открива вакцината на Фајзер, во
која светот ја гледа надежта за спас од корона вирусот дека е измама и дека
повозрасните луѓе ќе бидат само експеримент пред да се имунизира целокупната
популација.
-Никогаш не сум бил антиваксер. Напротив, јас сум сериозен поддржувач на вакцините кога беа направени во соодветни услови, што денес веќе не е случај. Главното прашање е дали е навистина потребно да се вакцинира сега кога стапката на смртност од ковид падна на 0,05%? Во историјата на медицината, ние никогаш не сме вакцинирале милиони луѓе поради вирус кој убива само групи на луѓе што можат да се идентификуваат и да се лекуваат. Веќе сме измамени од Ремдесивир, токсичен производ за кој знаеме дека не давал резултати со месеци. Европската унија го купи во количини за милијарда долари. Ова сега ќе биде многу полошо. Брзаа и ништо не е познато за тоа колку се безбедни овие вакцини, вели професорот Перон.
Додава дека за него ова е голем скандал и дека под притисок на лобисти, производителите на вакцини повеќе нема да бидат одговорни за несаканите ефекти
-Современата или Фајзер вакцината не е вакцина, тоа е измама. Тоа се производи на РНК генетска терапија, а не вакцини. Оваа техника никогаш не била проучена кај животни. Луѓето ќе бидат првите заморчиња на земјата. Ова може трајно и неповратно да ги измени нашите гени, хромозомите, така што овие аномалии подоцна можат да се пренесат на нашите деца. Постарите лица не се лекуваат во нивните домови, им е дозволено да умрат, тие се еутанизирани. И сега постарите луѓе кои не се заразени ќе служат како заморчиња пред да се вакцинира популацијата. Етичките правила се кршат. Јас сум преплашен, тие ќе ни дадат скриена генска терапија и ќе сторат сè за да веруваме дека станува збор за вакцина. Единствено што видовме е зголемување на вредноста на акциите, што нагло скокна во корист на производителите кои објавија „добра вест“. Милјарди се инвестираат во вакцини, но ништо во подобрувањето на серологијата. Ова веќе не е наука. Ние го ставаме економскиот пазар пред науката и медицината, вели професорот Перон.
Инаку, професор Кристијан Перон 15 години беше меѓу водечките советници за јавно здравје во неколку влади. Тој беше претседател на техничкиот комитет на СЗО за вакцинација и беше потпретседател на експертскиот комитет за вакцини за Европа, Русија и Централна Азија.
Целото интервју на француски јазик проследетеко на видеото:
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




