Франција досега не доживеала ваков суров терор!
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2015 13:58
Овој медиум потсетува дека во Франција имаше серија бомбашки напади поврзани со конфликтот на Блискиот Исток во 70-тите, 80-тите и 90-тите, а пред три години Мохамед Мера уби три еврејски деца, тројца француски војници и еден рабин во Тулуз.
Ладнокрвното однесување на напаѓачите, настапот на професионални убијци и целосната рамнодушност кон колатералните жртви е она што Франција ја прави да „се чувствува ужасно ранлива“.
„Луѓето гледаат поинаку на својот живот кога ќе видат слика - не онаа од Сирија, туку на познатата париска улица, како исламски напаѓач напаѓа локален полицаец“, наведува Би-би-си.
Можеби најстрашниот дел од аматерската снимка е оној на кој се гледа како двајцата напаѓачи му се приближуваат на автомобилот после нападот.
„Тие не бегаат. Тие не паничат, тие едноставно одат“, вели Би-би-си и оценува дека овие и други детаљи укажуваат со каква опасност е соочена Франција.
Друг шок за Французите е и тоа што одеднаш исчезнаа добро познати личности - главниот и одговорен уредник Стефан Шарбоние, наречен Шарб, и уште тројца познати карикатуристи - Жан Каби (76), Жорж Волински (80) и Бернард Верлак (47) – во Франција познати како Каби, Волински и Тињус.
„Дури и ако луѓето не ги знаеле нивните имиња, тие го препознавале нивниот стил“, наведува Би-би-си потсетувајќи дека тие не работеле само за „Чарли Ебдо“, туку и за „Либерасион“ и „Ле монд“.
„Крајно симболично е тоа што првите жртви на новата ера на тероризмот треба да бидат иконите на францускиот левичарски културен консензус“, оценува британскиот јавен сервис.
Како и списанието за кое работеле, Каби и Волински се појавија во 60-тите и 70-тите години, кога се чинеше неопходно дека слободата на изразувањето може да биде уште повеќе проширена.
„Таквите илузии денес изгледаат патетично“, заклучува Би-би-си.
Оваа медиумска куќа наведува дека еден од пријателите на Каби рекол дека е шокиран од неговата смрт зашто тој бил „најблагородното суштество што од сите други најмногу бил против војната и милитаристичките идеи“.
Би-би-си потсетува дека првата реакција на Французите на нападот било искажувањето на национално единство и дека моментално се организирани протести во Париз и другите градови.
„Фактот дека целта биле новинари многу боли. Франција ја сфаќа сериозно својата самопрогласена улога на земја-водилка во светот“, посочува Би-би-си.
Весникот како „Чарли Ебдо“, иако нивните карикатури и цртежи почето се сурови отколку забавни, ја носат пораката дека во Франција „сепак е можно да се рече и она што не може да се каже“.
“Денес сите може да учествуваат во одбраната на вредностите за кои Франција се залага. Од управник во џамија во Париз до „Национален фронт“ Марин Ле Пен - линијата не се разликува“, оценува Би-би-си, но го поставува прашањето колку долго може да потрае единството бидејќи наскоро ќе се слушнат неусогласени ставови.
На една страна ќе бидат оние кои ќе кажат дека вистинската поука од овој напад е тоа дека Франција треба да ја отфрли својата наивност која се однесува на исламизмот, дека трева да завземе цврст став и дека земјата треба да престане со претставување на среќно семејство.
На друга страна ќе бидат оние кои ќе предупредуваат против она што Французите го нарекуваат „амалгам“, а тоа е дека сите муслимани се ставаат во ист кош, тврдејќи дека проблемот доаѓа од нивната вера, наведува Би-би-си.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




