20 Декември, 2025
0.0401

Франција ги подигна мерките за безбедност

Објавено во: Свет 23 Декември, 2014 19:44

Добивај вести на Viber

Францускиот премиер, Мануел Валс, наложил мерките за безбедност во целата земја да се подигнат на повисоко ниво, по трите одвоени напади кои се случија во земјата во краток временски интервал. Иако мотивите на трите инциденти, напат со нож врз полициски службеник и два напади со автомобил врз пешаци, за сега остануваат нејасни, насилствата ги поттикнаа стравувањата поврзани со постојаните повици на џихадистите за акција поради учествувањето на земјата во борбите против исламските екстремисти. Премиерот Валс истакнал дека сите три инциденти се „различни“ и ги повикал Французите на воздржаност, пренесува АФП. „Покрај веќе 780 мобилизирани војници, наредните часа ќе бидат распоредени уште дополнителни 200 – 300 припадници на воените сили“, рекол Валс во обраќање на француската телевизија. Тој додел дека ќе бидат зголемени и безбедносните патроли во центрите за шопинг, градските центрии, станиците и јавниот транспорт. Насилствата започнаа во саботата, откако еден маж, наводно извикувајќи „Алах е голем“ влетал во полициска станица во градот Жуе ле Тур и нападнал тројца полициски службеници со нож, при што на двајца успеал да им нанесе тешки повреди пред да биде убиен. Во неделата, возач со кола влета во група пешаци во Диџон на истокот, повредувајќи при тоа 13 лица, извикувајќи ја истата исламска фраза и која ја користат исламистите при изведувањето на насилни напади. Сличен инцидент се случи и во понеделникот, кога друг маж со кола влета во маса луѓе на божиќниот саем во Нант, повредувајќи најмалку 10 лица, од кои еден потешко, по што напаѓачот сам со нож си нанел тешки повреди, пред да биде уапсен.    

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја