14 Декември, 2025
0.0599

Франција и Шпанија топ локации за купување куќи на Британците

Објавено во: Свет 19 Ноември, 2012 16:58

Добивај вести на Viber

И покрај тековните финансиски проблеми во еврозоната, двете топ дестинации за британските купувачи на станови во странство се токму во земјите зафатено од кризата, покажува истражувањето на „HiFX Property Hotspots“. Како што пренесува онлајн изданието „This is Money“,  Франција ја предводи листата, а  23% од потенцијалните купувачи на имот од Обединетото Кралство се насочуваат кон оваа земја. Интересот сепак намалува во последните месеци бидејќи  во март, во истото истражување интерес за имот во Франција имале 35% од Британците. Овој пад е очекуван ако се земе во предвид новиот повисок данок за странските купувачи на станови донесен во Франција. Веднаш по Франција во листата е Шпанија. Според резултатите 19% од потенцијалните британски купувачи сакаат да поседуваат имот во сончевата држава. За споредба, во март нивниот број бил 3%. На трето место се САД со 7%, по што следат од Италија, Кипар, Португалија и Швајцарија. Од Британците кои планираат да купуваат имот во странство во следните години, 28% тврдат дека ќе потрошат помеѓу 50.000 и 100.000 фунти, а 16% имаат намера да инвестираат помеѓу 100.000 и 150.000 фунти. Купувањето во голема мера ќе се финансираат од заштеди, а  43% тврдат дека ќе користат токму оваа опција. 25%  од идните купувачи велат дека ќе треба да продадат стан во Велика Британија, за да се здобијат со својот дом од соништата во странство.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск