19 Декември, 2025
0.0432

ФРАНЦИЈА: Најмладиот осомничен и се предал на полицијата!

Објавено во: Свет 08 Јануари, 2015 10:58

Добивај вести на Viber

Најмладиот осомничен за нападот на редакцијата на весникот Чарли Ебдо, во кој се убиени 12 лица, а повредени 11, и се предал на полицијата, додека се трага за двајцата осомничени за масакрот.

Како што наведува француски „Либерасион“ Хамид Мурад (18) сам се јавил во полициската станица во близина на границата со Белгија, „кога го слушнал неговото име во медиумите“.

Поедини француски медиуми наведуваат дека изјавил дека е невин и дека бил во училиште за време на нападот во кој се убиени 12 лица.

Француската полиција објавила фотографии на двајцата бегалци, браќата Саид (34) и Шериф (32) Куачи за кои се верува дека го направиле масакрот во Чарли Ебдо.

Полицијата предупредила дека тие двајца најверојатно се вооружани со тешко оружје и дека се опасни.

Како што е соопштено, браќата Куачи се поврзани со една јеменска терористичка мрежа, а помладиот брат Шериф претходно е осудуван поради врски со тероризам.

Тие двајца се идентификувани со помош на личната карта пронајдена во возилото во кое избегале од полицијата, пишуваат медиумите.

Силни полициски сили во текот на ноќта претресле повеќе локации во Франција во потрага по напаѓачите.

Медиумите со внимание го следеле претресот во еден стан во Ремс, кој е завршен без исфрлен куршум, и известиле дека целта на таа акција не било апсење туку собирање на ДНК податоци и други докази.

Во потрагата учествуваат повеќе од 3000 француски полицајци.

Познато е дека сите тројца осомничени се родени во Франција, а браќата Куачи се со потекло од Париз и имаат француско државјанство. Во моментот не е позната националноста на Мурад.

Според пишувањето на светските медиуми, браќата еден период од животот поминале во Јемен, каде поминале терористичка обука.

Во нападот на весникот Чарли Ебдо се убиен 12 лица, а 11 се повредени. Меѓу убиените се главниот уредник на весникот Стефан Шарбоније, тројца истакнати карикатуристи како и двајца полицајци.

Во Франција е прогласен Ден на жалост.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела