Франција во криза за бензин, даваат по 20 литри на човек
Објавено во: Свет 24 Мај, 2016 21:09
Криза за гориво ја зафати Франција, откако штрајк ги блокира сите 8 нафтени рафинерии во земјата.
На 1600 бензински пумпи од вкупно 12 000 во Франција нема гориво или е при крај, откри министерот за транспорт, Ален Виделис.
Демонстрациите се против новите реформи во трудовото законодавство.
Полицијата интервенираше за да ги растера демонстрантите пред рафинеријата „Фос сур Мер" крај Марсеј, што доведе до судири. Властите употребија солзавец и водени топови против незадоволните луѓе кои пак запалија гуми.
Премиерот на Франција, Мануел Валс инсистираше на тоа дека промените во законодавството ќе останат. Тој беше категоричен дека земјата има доволно резерви за да се справи со недостигот на горива.
Можеби ќе ве интересира
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација




