Франција:Тужби за телефонски оператори, давале нејасни договори
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2013 16:10
Поради нејасни одредби во договорите со клиентите, десет телефонски оператори добија тужба од француското Здружение на потрошувачи, јавија светските медиуми. Како што посочуаат од Здружението, во сите случаи договорите содржат нејасни одредби кои најчесто се во полза на операторите, а на штета на потрошувачите.
Забелешките најчесто се однесуваат на така наречените понуди со „неограничен“ интернет и телефонски разговори. Често овие „неограничени“ понуди се неограничени само на хартија, а во практика се појавуваат ограничувања за потрошувачите, како неограничен интернет до 3 Го, неограничени телефонски разговори со 200 телефонски јавувања и слично. Исто така, во случај на губење или кражба на телефонот, претплатникот согласно договорот мора да продолжи да ја плаќа својата претплата иако ја има суспендирано линијата.Плакање однапред
Дел од телефонските оператори се тужени од стана на Здружение на потрошувачи поради тоа што бараат од своите клиенти да уплатат аванс во случај ако ја надминат сумата предвидена со претплата, а во спротивно нивната линија може да биде прекината.Други оператори им наплаќаат дополнителни трошоци на клиентите кои не ја уплатиле навреме претплатата.
„Одредбите на договорите се општи, технички нејасни и не ги охрабруваат потрошувачите при склучувањето на договорот да ги прочитаат целосно, а и кога ќе ги прочитаат одредбите се нејасни.“, велат од Здружението.Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




