19 Декември, 2025
0.0844

Француската полиција трага по вториот напаѓач во реонот на фабриката

Објавено во: Свет 26 Јуни, 2015 13:46

Добивај вести на Viber

Француското обвинителство започна истрага во врска со терористичкиот напад во хемиската фабрика во гратчето Сен Канто Фалавие, во близина на Лион, пренесоа агенциите, повикувајќи се на обвинителот на Париз Франсоа Молеше.

Претходно француската полиција објави дека е уапсен еден човек, осомничен дека го извршил нападот. Според француските медиуми тој и бил познат на полицијата. Сега е испрашуван, но се тврди дека одбивал да сведочи.

Француската полиција трага по втор маж, осомничен дека има врска со нападот, пренесоа агенциите, повикувајќи се на локалните медиуми.

Полициски хеликоптер кружи над реонот на фабриката „Ер Продуктс“ во Сен Канто Фалавие. Се претпоставува дека најбараниот втор човек се наоѓа во границите на фабриката.

Според последните податоци, едно лице загинало, а двајца луѓе биле повредени во нападот, насочен против фабриката за индустриски гасови „Ер Продукст“ во Сен Канто Фалавие, наведува „Франс прес“.

Нападот се случил во 10 часот по локално време. Според полициски извори еден или неколку луѓе пристигнале со автомобил и влегле во периметарот на фабриката. Веејќи исламистичко знаме, слегле од колата и влегле во фабриката каде експлодирале неколку гасни шишиња. Се претпоставува дека уапсениот е токму тој.

Во близина на фабриката е најдено обезглавено тело - единствената жртва на нападот. Различни се верзиите за овој грозен настан. Истражниот орган сепак незнае дали телото било транспортирано до таму или не, наведува „Франс прес“. „Асошиејтед прес“, пак, наведуваат полициски извор, според кои, телото не било обезглавено како резултат на експлозијата.

Главата од телото било пронајдено закачено на оградата на влезот на фабриката, дополнува „АП“. До неа имало две знамиња, едно бело и едно црно и двете со арапски натписи, додава агенцијата. Според „Франс прес“ отсечената глава била покриена со арапски натписи.

Францускиот премиер Маноел Валцер наредил да се затегнат мерките за безбедност околу сите чувствителни објекти во реонот на Лион, дополнува „Франс прес“. Таму има многу индустриски објекти.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казниов се упатил кон местото на нападот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој е на самитот на ЕУ во Брисел, изјавил дека поради тоа што се случило се враќа веднаш во Париз. Веднаш штом се врати попладне, тој ќе одржи состанок на Советот за одбрана во Елисејската палата.

Нападот се случува шест месеци по нападите во Париз. Сепак, властите очекуваат слични манифестации за време на Рамазан.

Нападот се случува неколку дена откако француските изданија напишаа дека уапсениот алжирски студент Сид Ахмед Глам планирал атентат во црквата Сакра Конор во Париз и во париското метро, ​​наведува „Франс прес“.

Во јануари како резултат на терористички напад за три дена во Франција загинаа 17 лица - 10 вработени на изданието „Шарли ебдо“, четворица заложници во една продавница и тројца полицајци.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела