14 Декември, 2025
0.0446

Француската влада се закани со национализација на фабриката на АрчелорМитал

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2012 13:30

Добивај вести на Viber

Француската влада може привремено да ја преземе фабриката на АрчелорМитал во Флоранж, бидејќи компанијата одбива да го продаде целосно,  соопшти министерот за индустрија Арно Монтебур. Според него, АрчелорМитал не ги исполнила обврските кога ја купи фабриката во 2006 година. „Ние веќе не го сакаме Митал во Франција, бидејќи компанијата не ја почитува државата“, коментира францускиот министер. Фабриката на компанијата во североисточна Франција не работи со месеци, а во почетокот на октомври, беше јасно двете печки ќе бидат изгасени и производството запрено. Истовремено Владата на Франсоа Оланд нареди или АрчелорМитал да ги рестартира печките, или да ја продаде фабриката во Флоранж за која Монтебур тврди дека има интерес од потенцијални инвеститори. За францускиот министер за индустрија, битката за Флоранж е од примарна важност, откако не успеа да го запре затворањето на една од фабриките на Peugeot, пишува Фајненшл Тајмс. Во меѓувреме, Лакшми Митал предупреди дека ако заканата на Монтебур се оствари и фабриката во Флоранж биде национализирана, под закана за отказ ќе бидат над 20 илјади луѓе, вработени во претпријатија на АрчелорМитал во цела Франција.  Според претставници на металуршката индустрија битката меѓу Митал и Монтебур добива загрижувачки димензии. Според Николас Спиро, консултант од Лондон, француската влада го користи Арно Монтебур , за да ги замолкне синдикатите. Аналитичарите се обединуваат околу мислењето дека владата се вклопи во идејата за зачувување на работните места и веројатно тие се оние кои треба да ја одржуваат профитабилноста на ваквите  претпријатија, за да се овозможи долгорочен развој на индустријата по кризата. Правниците коментираат дека од чисто правна гледна точка, заканата на Монтебур да го национализира претпријатието е неостварлива.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск