14 Декември, 2025
0.0569

Францускиот Лувр се гради во Абу Даби, индискиот Таџ Махал во Дубаи

Објавено во: Свет 19 Ноември, 2012 15:28

Добивај вести на Viber

Посетителите на Абу Даби за неколку години ќе може да го посетат најголемиот арапски музеј, бидејќи веќе идната година се очекува да започне изградбата на филијалата на Лувр во Емирати, соопшти СиЕнБиСи. Музејот требаше да проработи во 2013 година, но поради кризата изградбата беше одложена, а според последните најави отворен ќе биде за посетители во 2015 година. Покрај Лувр, Абу Даби планира да изгради уште два музеја „Zayed National Museum“ и познатиот „Guggenheim“ , кои ќе проработат  2016-та и 2017 година. Изградбата на арапскиот Лувр се очекува да започне на почетокот на 2013 година, соопшти Набил ал-Кенди од „Tourism Development & Investment Company“. Музеите, како и огранокот  на Универзитетот од Њујорк, ќе бидат изградени на таканаречениот Остров на среќата, кој се планира да биде културен центар на Абу Даби. Заедно со изградбата на Лувр во Абу Даби ќе тече и изградбата на гигантската  копија на Таџ Махал во Дубаи.  Проектот Таџ Арабија ќе биде три или четири пати поголем од оригиналот и ќе се издигне во градот на чудата Фалкон. Таму се предвидува да бидат изградени реплики и на други светски архитектонски знаменитости, меѓу кои Ајфеловата кула и кулата во Пиза.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск