15 Мај, 2024
0.0251

„Фриком” на лед поради сладоледот

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Комисијата за заштита на конкуренција покренала постапка против Индустријата на смрзната храна „Фриком” поради сомнение дека ја злоупотребиле доминантната положба на пазарот на дистрибуција и продажба на сладолед.

Според досегашните сознанија на медиумите од регионот, оваа компанија која од 2003 година е во сопственост на „Агрокор“ на сопствениците на локални малопродажбни синџири, мали продавници и киосци ширум Србија им нудела, наводно, дополнителни попусти и пари како би ја прекинале соработката со конкурентски фирми и продавале само „Фриком” сладолед.

Официјални лица од Комисијата ги контролирале просториите, податоците,

документи и работите на две локации на „Фриком” во Белград. За контролата како што стои во соопштението на комисијата „владетелот на просторот и работи е информиран дури во моментот на местото на увидот на лице место“.

-Комисијата во текот на испитување на условите на конкуренцијата на пазарот на дистрибуција и продажба на сладолед собрала документација и изврши разговори со поедини учесници и така дојде до сознание дека Индустрија на замрзната храна „Фриком” која ја застапува директорот Гојко Ѓошиќ, презема продавници кои би можеле да се окарактеризираат како продавници на кои се врши влијание на поедини купувачи сладоледот да го набавуваат исклучиво од „Фриком”-пишува во соопштението на Комисијата за заштита на конкуренција.

Според сознанијата, се наведува и дека посебно од 2014 година до денес, на малите трговци им се нудени парични поволности во вид на дополнителни попусти или парични исплати со цел оневозможување или прекин на соработката со конкурентски произведувачи или дистрибутери на сладолед.

Како што објаснува комисијата во заклучокот одлуките за покренување постапки, на основа собрани податоци и документација може да се препостави дека ваквото однесување на „Фриком“ може да ги истисне конкурентите од пазарот, односно оневозможува влез на  нови дистрибутери или произведувачи на сладолед во Србија. Тоа е класичен пример за повреда на конкуренцијата, односно поради злоупотреба на доминантната положба.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?