Добивај вести на Viber
Десет регулаторни тела ги тресат 20 најголеми светски финансиски институции поради местење на ЛИБОР-от, лондонската каматна стапка која се користи за трансакции поголеми од 350 милијарди долари, пишува лондонски Financial Times.
Според весникот, последиците од скандалот со манипулација на каматните стапки се рашири на три континенти, откако Royal Bank of Scotland призна дека го местела ЛИБОР-от, за што беше казнета со 612 милиони долари.
Според весникот, во скандалот со Royal Bank of Scotland се откриени е-маил пораки кои укажуваат на тоа дека вработени во банката биле подготвени да менуваат каматната стапка, дури и во замена за вечера.
Според истражувањето на весникот, местењето на каматните стапки е случај и во Јапонија. Поранешен јапонски банкар обвинува дека банките кои што ги одредуваат каматните стапки во Токио работат како „картел“ и на тој начин заработуваат најмногу на станбени кредити.
Подружницата на UBS во Јапонија призна неовластено работење за кое на американското Министерство за правда треба да му плати 50 милиони долари казна.
Истражувањето покажа на проблеми меѓу трговците на деривати со јенскиот ЛИБОТ, при што со манипулации сериозно беше вмешана швајцарски УБС. Банката во декември прифати да плати казна од 1,5 милјарди долари.
Јапонскиот финансиски регулатор, после овие случувања изјави дека би можел да донесе судска забрана за работа и на Royal Bank of Scotland која би можела да трае од неколку години до шест месеци, што сериозно би го загрозило работењето на оваа банка.
Казната на Royal Bank of Scotland е втора најголема која регулаторите ја имаат донесено после онаа на швајцарски UBS.
Barclays во јуни се договори за казна од 450 милиони долари, а челниците на оваа банка како резултат на тоа беа отпуштени, додека Royal Bank of Scotland го поддржа својот извршен директор Стефан Хистер, на кој што нема да биде повлечен ниту неговиот бонус од две милјарди фунти исплатен во 2010 година.
Џон Хурикан, извршниот директор на банката за маркетинг и меѓународно банкарство поради скандалот поднесе оставка, иако отказниот рок му е една година, тој се откажа од бонусите.
Во исто време после овие случувања десет регулаторни тела во светот ги чешлаат 20 најголеми светски финансиски институции.
Признавањето на Royal Bank of Scotland за местење на каматните стапки може да донесе многу приватни тужби против банки во Америка, кои ќе се соочат со милионски оштети.