Фуфо раскажува за коцкарските долгови, политичката кариера и каде беше 4 години!
Објавено во: Стил 11 Јули, 2013 07:51
Очекувано беше овој кам-бек на Фуфо да биде крунисан со некакво поопширно негово излагање, каде што ќе даде одговор на многу прашања кои јавноста би сакала да бидат одговорени. И не е за чудење што најпознатитот скопски угостител реши тоа да го направи преку телевизијата како медиум и негово интервју во Еден на Еден со Жарко Димитриоски. Едночасовниот специјал кој Фуфо и Жаре го снимија деновиве премиерно ќе биде прикажан на тв Алфа оваа сабота во 19.30 часот.
Освен за коцкарските долгови и проблемите настанати од тоа, Фуфо ќе зборува искрено и за детството во Чаир, за времето кога премиерот Никола Груевски тренирал во неговиот боксерски клуб, згодите и незгодите со познатите личности во неговите ресторани, "братското коцкање" со Игор Џамбазов, црковниот обред на побратимување со Трифун Костовски, политичката кариера и работите што ги научил од тоа, како и многу други интересни теми.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





