02 Мај, 2024
0.0804

Фундаментална и техничка анализа за златото

Објавено во: Анализа 12 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за Злато. Анализата се состои од фундаментални и технички аспекти за овој инструмент. Фундаментална Анализа за Злато: Цената на златото во текот на вчерашниот ден беше во пад затоа што инвеститорите избегнуваа инвестирање во овој скапоцен метал откако Банката на Јапонија одлучи да не се менува монетарната политика. Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и Пурс одлучи да ги зголеми изгледите за кредитниот рејтинг на Америка од "негативна" на "стабилна", што ја зголемува довербата на пазарот дека Банката на федерални резерви ќе се одлучи за намалување на монетарните стимуланси кои негативно влијаат на цената на златото. За време на азиското тргување цените паднаа за 0,16% Техничка Анализа за Злато: На едночасовниот графикон,  MACD е во зоната на прекумерно продавање, додека RSI има растечки тренд. Цената осцилира околу средната Bollinger линија, така што можна е и понатамошна осцилација. Нашата препорака би била куповна позиција. Наше видување: Куповна позиција со влез на 1377.60, со прва цел на 1379.50 и втора цел на 1383.00. Алтернативно сценарио: Доколку цената падне под 1376.50, тогаш е можен понатамошен пад на 1371.00. Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок. Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.  

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад