28 Ноември, 2024
0.0278

Фундаментални и технички аспекти за валутниот пар EUR/USD

Објавено во: Анализа 10 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за валутниот пар EUR/USD . Анализата се состои од фундаментални и технички аспекти за овој валутен пар. Фундаментална Анализа за EUR/USD: Растот на еврото беше запрен по постигнување на тримесечниот максимум во однос на доларот, откако податоците објавени во петокот покажуваат дека бројот на вработени во САД се зголеми повеќе од предвиденото, што е помалку загриженост за економско заздравување. Во еврозоната официјални податоци покажуваат дека индустриското производство во мај во Германија се зголеми 1,8%, што е најголем раст во текот на годината, која е дополнително поддржан од страна на заедничката валута. Според германската канцеларка Ангела Меркел, другите нации во еврозоната ќе мора да го следат примерот на Германија и намалување на буџетот и да се реорганизира пазарот на трудот како би својата економија да ја вратат на патеката на раст. Иако францускиот претседател Франсоа Оланд тврди дека тригодишната должничка криза надмината, но се уште демнее опасност за грчкиот долг и висока невработеност, особено кај младите. Министрите за финансии од Шпанија, Германија, Италија и Франција треба да се состанат во Рим на 14 Јуни на разговори околу мерките кои би можеле да ја намали невработеноста меѓу младите. Минатата недела, ММФ соопшти дека јавниот долг на Грција останува главен ризик за закрепнување во еврозоната, и со тоа е можно дека ќе има нов преструктуирање на долгот. За време на азиското и почетокот на европското тргување еврото падна во однос на доларот за 0,17%. Техничка Анализа за EUR/USD: На едночасовниот графикон, на MACD излегува од фазата на прекумерна куповна позиција, а додека RSI има опаѓачки тренд. Откако осцилира помеѓу средната и долната Bollinger линија, така да е можно и понатамошен пад на цената. Нашата препорака би била Продажна позиција. Наше видување: Куповна позиција со влез на 1.31980, со прва цел на 1.31700 и втора цел на 1.31500. Алтернативно сценарио: Доколку цената се издигне над 1.32280, тогаш е можен понатамошен раст до 1. 32500. Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок. Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.