Фунтата со седумгодишен минимум во однос на доларот
Објавено во: Економија 23 Февруари, 2016 11:47
Азиските индекси отстапија од седемседмичниот врв вчера откако нафтата не успеа да го задржи својот раст, а еврото и фунтата беа сериозно погодени од несигурноста во врска со останувањето на Британија во рамките на ЕУ.
Индексот „MSCI Asia-Pacific“ загуби 0,2%, откако го започна денот на позитивна територија. Јапонскиот „Nikkei“ се зголеми минимално со 0,1%.
Нафтата поскапе за речиси 7% вчера, но врати дел од заработеното денес. „Брентот“ со испорака во април се тргува на ниво од 34.20 долари за барел за испорака во април. Моментално вчера нафтата се зголеми до психолошката граница од 35 долари за барел.
Покривање на кратки позиции во нафтата од страна на инвеститорите започна кон крајот на минатата недела, кога беше постигната спогодба меѓу некои членки на ОПЕК и Русија за замрзнување на нивото на производството кај Јануарските вредности.
„Нафтениот пазар покажува знаци на стабилност во последно време“, според Масахиро Ичикава, главен стратег во S„umitomo Mitsui Asset Management“.
Но додека пазарните учесници ја поздравија иницијативата за ограничување на растот на производството, сеуште останува „спорно“ дали овие мерки ќе имаат доволен и траен ефект, смета уште Ичикава.
Растот на цената на нафтата вчера иницираше зголемување на широкиот американски индекс „S & P 500“ од 1.45% до ниво од 1 947.20 поени.
Индексот следејќи го растот на однесувањето на кинескиот пазар забележа 2.2% кај енергетските компании.
Индикаторите кои ја надгледуваат нестабилноста на американскиот пазар, се намалија под 20%, до најниско ниво од почетокот на јануари. Железната руда со непосредна испорака во Кина поскапе со седум проценти вчера, до највисокото ниво од октомври минатата година.
Бакарот исто така се зголеми за 1,6%, до 4 694 долари за тон, или близу до еден месечен врв. Доброто претставување на суровините помага за зголемување кај т.н. „примарните валути“. Австралискиот долар се зголеми до седуммесечниот врв при ниво од 0.7248 долари.
Британската фунта ја задржа нестабилноста ден откако загуби речиси 2% од вредноста, што е најголема загуба во последните шест години.
Стравувањата дека земјата може да ја напушти ЕУ беа главната причина за рекордниот пад на британската валута. Фунтата се намали до седумгодишен минимум во однос на доларот.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




