07 Октомври, 2024
0.0272

„Никој не ги заслужува твоите солзи, а оној кој ги заслужува, никогаш нема да ве расплаче“

Објавено во: Стил 03 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Габриел Хозе Гарсија Маркес  е еден од најголемите латино-американски писатели на 20 век. Тој започнал како новинар, па писател, политички активист и е добитник на Нобеловата награда за литература.

Неговите цитати може да ја вратат магијата во вашиот живот, желбата за борба, вашата мотивација. 


„Никој не ги заслужува твоите солзи, а оној кој ги заслужува, никогаш нема да ве расплаче“

„Не е вистина дека луѓето престануваат да ги следат своите соништа бидејќи стареат, тие стареат бидејќи не ги следат своите соништа“

„Не  е важно во животот што Ви се случува, туку дали се сеќавате и како ќе се сеќавате на случката“

„Еден човек знае кога старее, бидејќи почнува да изгледа како неговиот татко. “

„Ако Бог не се одморил во недела, Тој ќе имал време да го доврши светот. “

„Оној кој очекува многу, може да добие малку“

„Толкувањето на нашата реалност преку шаблони кои не се наши, служи само за да нѐ направи уште непознати, уште помалку слободни, сè повеќе осамени. “

„Проблемот со бракот е во тоа што тој завршува секоја вечер по водењето љубов и мора да се обновува секое утро пред појадокот. “

„Сеќавањето на срцето го елиминира лошото и го зголемува доброто. “

„Се што влегува во мојата уста изгледа дека ме прави дебел, а се што излегува од неа ме посрамотува“

„Неопходноста има лице на куче“


Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни