ГАЛЕРИЈА: Балет „Клеопатра“ во Македонската опера и балет
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2016
Кореограф на „Клеопатра“ е Василиј Медведев, музиката, која е специјално напишана за оваа претстава, е на литванката Нерија Голдберг, костимите и сценографијата на Павел Јураш, а Станислав Фечо е асистент на режија.
Носител на улогата на Марко Антоние во претставата е првенецот Бобан Ковачевски, Цезар е Васил Чичијашвили (Грузија), Октавија е Марија Кичевска Шокаровска, Змијата е Мими Поп Алексова Атанасовска, Октавијан – Киро Павлов и Аполодор – Дојчин Дочев од (Бугарија). За оваа претстава ангажиран е целиот ансамбл на балетот, хорот и операта.