19 Мај, 2024
0.0250

(ГАЛЕРИЈА) Ова се најопасните специјални единици во светот

Објавено во: Свет, Стил 28 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Специјалците го претставуваат „врвот“ на безбедносните сили на секоја земја.

Иако можеби е тешко да се рангираат овие единици, сепак некои од нив се издвојуваат поради подвизите и мисиите кои ги имаат остварено. Business Insider ги издвојува седумте најдобри во светот, кои се имаат истакнато со својата исклучителна работа.

Пакистанските „црни штркови“ Специјалните сили на пакистанската војска се познати како „црни штркови“ поради единствените шлемови што ги носат командантите. Нивниот тренинг вклучува марш од 50 километри, кои мора да се минат за 12 часа, како и спринт од 8 километри, кои под полна опрема мора да ги истрчаат за 40 минути. Шпанските специјалци 

Шпанските специјалци (Unidad de Operaciones Especiales) веќе со децении претставуваат една од најдобрите европски единици.

Основани како волонтерско воено здружение во 1952 година, и тоа од членови на тогашниот клуб на алпинисти, со годините израснале во една од најценетите специјални сили на Стариот континент.За да станат членови на оваа елитна група, кандидатите минуваат низ неколку „кругови на пеколот“. Од десет пријавени регрути се одбиваат дури 8.

  Алфа групата од Русија

Дефинитивно една од најдобрите специјални единици во светот.Оваа антитерористичка група ја основала специјалната служба КГБ во 1974 година. Денес служат во рамки на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Алфа единицата преставува најелитен дел од руските специјални сили. Најтешките и најризични задачи, како опсади и организирани терористички напади им се доделува на нив.

Француската „група на сенки“ Малку специјалци во светот можат да се мерат со француската Жандармерија (ГИГН). Групата е составена од 200 специјално тренирани специјалци подготвени за најтешките и најнепредвидливи ситуации. Од 1973 година ослободиле над 600 заложници во неколку десетици кризни ситуации. Според францускиот закон, забрането е да се откриваат нивните имиња и фотографии.   Израелската Сарејет маткал Израелските специјалци имаат малку пошироки задачи од своите колеги од листата. Нивната примарна задача е шпионажата, односно собирањето информации, кое често се врши зад непријателските редови, па дури потоа антитерористички активности. Секој што сака да стане член на оваа единица се испраќа во кампот Гибуш каде минува низ страшен психофизички тренинг, под постојан надзор на лекари и психилози. Во кампот се оди на лична одговорност, а регрутите потпишуваат документ со кој го потврдуваат доброволното влегување во програмата. Британските САС

Мотото на британските специјални сили е „Кој ќе се осмели – тој ќе успее“. Нивниот придонес на американската инвазија на Ирак беше оценет како „непроценлив“.

Кога не им помагаат на американските колеги во нивните акции низ светот, спречуваат антитерористички акции на територијата на Велика Британија.

Славните американски морнарички „фоки“ Секако една од најценетите специјални единици во светот, и тоа сосема заслужено. „Фоките“ се „кремот“ на американската војска. Нивниот тренинг изгледа застрашувачки: 42 склека, 50 чучнувања и 2 претрчани километри. И сето тоа за 11 минути.  

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто