19 Декември, 2025
0.0445

(ГАЛЕРИЈА) ПАРИ ФРЛЕНИ ВО МАГЛА: Палмите се смрзнаа, бадијала ги облекувате!

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2017 13:13

Добивај вести на Viber

Дефинитивно проектот со палмите во главниот град не издржува.

Половина милион евра „Македонски шуми“ пред две години даде за да купи палми.

Оваа вртоглава сума можеби за некој не значи ништо но, очигледно е дека на палмите не им годи нашата клима.

И покрај тоа што надлежните служби „ги облекоа да не настинат“ сликата кажува се.

Палмите не се имуни на снегот кој веќе еден месец не го напушта главниот град, па оттука се потврдува и тезата дека палмите кои никнаа низ градовите и Скопје се уште еден симбол за трошењето на чоколада кога немаме ни за леб.

Палмите се скапи да се набават, скапи за одржување, бараат посебна заштита и може да влијаат врз нарушување на природната рамнотежа во областите каде што се насадени.

Според официјалните документи, вредноста на склучениот договор во кој е пресметан и ДДВ изнесуваше 32 148 121 денари. 

ЈП Македонски шуми набавиле 1.100 садници – односно палми од видот Trachycarpus fortunei. При тоа беше  појаснето дека станува збор за влакнеста палма со височина на стеблото над 400 сантиметри.

Токму видот кој го набавија од Македонски шуми „Trachycarpus fortunei“ или кинеската конопна палма успешно расте во океанската клима на 50° СГШ и уште посеверно (Ирска, Шкотска и приморска Британска Колумбија во Канада).


Највеќето видови палми виреат во тропите, каде ги има во изобилство и се среќаваат во секакви живеалишта. Најголема разновидност се забележува во влажни низински тропски шуми, особено во еколошките жаришта како Мадагаскар, каде има повеќе ендемски палми отколку цела Африка заедно. На ниво на поединечни земји, највеќе видови палми има во Колумбија.

Вон тропите среќаваме околу 130 природно застапени видови, од кои највеќето се во супстропскиот појас. Најсеверната автохтона палма е средоземната џуџеста палма (Chamaerops humilis) која гостигнува 44° СГШ во јужна Франција. Најјужна палма е видот никау (Rhopalostylis sapida), која достигнува 44° ЈГШ во Нов Зеланд, каде преовладува океанска клима.

ФОТО: ФАКТОР

Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК