(ГАЛЕРИЈА) ПЕКОЛ ИЛИ РАЈ: Ова е градот во кој Божиќ трае цела година!
Објавено во: Свет 13 Декември, 2014 20:17
Во Кина постои место во кое Божиќ е секој ден. Не, тоа не е поради тоа што сите мештани го сакаат овој празник, подароци и Дедо Мраз. Овој град е еден од најголемите произведувачи на Божиќни украси на светот.
Само на два часа возење од Шангај се наоѓа Јиву, градчето кое е вистински рај за љубителите на Божиќ. Во огромниот затворен пазар, може да купите елки, сијалички, декорации, машни и се што има врска со овој празник. Затоа за оние кои живеат во овој град Божиќ трае цела година.
Овој пазар е толку голем, што ќе ви треба цел ден да прошетате низ него, а продавачите најмногу сакаат да продаваат на големо. Јиву произведува околу 60 проценти од светските залихи на Божиќни декорации и околу 90 посто од декорацијата за подрачјето на Кина.
Порачките воглавно доаѓаат од Европа, САД и Јужна Америка. Оваа година, сепак, порачките за Европа се намалиле во однос на минатата година. Вработените во оваа индустрија велат дека продаваат елки од март до декември.
Иако овој град цела година е претворен во Божиќна бајка, Кинезите од Јиву не ја разбираат таа опсесија на овој празник. Можеби тоа е поради религиозните причини кои не се разбираат, како ни што остатокот од светот не ја разбира традицијата на Кинеската нова година.
А, исто така е можно кога не сте нон-стоп опкружени со Божиќна декорација и правите по 10 часа дневно, тоа за вас да нема ист гламур.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја








