05 Декември, 2025
0.0319

Галуп: 55% од македонските граѓани се среќни

Објавено во: Стил 20 Декември, 2012 12:57

Добивај вести на Viber

Словенците се најсреќни граѓани на Балканот, додека на спротивната страна на скалата како најнесреќни се покажале Србите, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за истражување на јавното мислење Галуп.

Во истражувањето се мерени позитивните емоции со помош на пет прашања: Дали вчера добро се чувстувавте?, Дали чувствувате дека другите ве почитуваат?, Дали многу се смеевте?, Дали научивте нешто интересно? и Дали уживавте?.

Шеесет и осум проценти од Словенците дале позитивни одговори на поставените прашања, со кои е измерена количината на среќа.

Педесет и два проценти од Србите одговориле дека се среќни, покажуваат резултатите од телефонската анкета.

Педесет и пет проценти од граѓаните во Македонија се среќни, 56 отсто од Црногорците исто така се изјасниле како среќни, а по нив следи Хрватска со 57 отсто „насмеани“, додека тој процент во Босна и Херцеговина изнесува 59.

Резултатите од анкетата, која е спроведена во 148 земји во светот, покажуваат дека најсреќни се жителите на Панама. Осумдесет и пет проценти од нив дале потврден одговор на сите пет прашања.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: