„Gangnam Style“ и официјално најгледано видео на You Tube
Објавено во: Стил
25 Ноември, 2012 10:56
Добивај вести на Viber
Корејската поп атракција „Psy“, кој со својот чуден танц и песната „Gangnam Style“ стана светска сензација, веќе може да се пофали дека го сруши рекордот по гледаност на видеото на You Tube.
„Gangnam Style“ веќе и официјално е најгледаното видео во историјата на YouTube и го претекне видеото "Baby" на Џастин Бибер, објави корејски изведувач на Твитер.
Во моментот видеото „Gangnam Style“ го отвориле повеќе од 814 милиони гледачи што е за 10 милиони повеќе од хитот на Џастин Бибер.
Видеото на „Psy“ за првпат се појави на YouTube во месец јули, а веќе во септември годинава постави рекорд за „најлајкувано“ видео.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: