ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ, АМА ПОВИСОКИ: Еве што со сигурност ќе поскапи
Објавено во: Економија, Финансии, Македонија 06 Октомври, 2023 07:00
Владата ќе ја преиспитува одлуката за зголемување на стапката на ДДВ од 5 на 10 отсто за дел од производите кои според последните законски измени на Законот за ДДВ, според проценките на Министерството за финансии беа означени како “луксузни” и отпаднаа од групата основни прехрамбени артикли за кои ДДВ – то е 5 отсто, неофицијално дознава Телма.
Измени, дознава медиумот, со сигурност, ќе има кај преработките од млеко, како сирење, урда и кашкавал. Но, и за други производи.
Ќе се оценува и спроведливоста на новите стапки на ДДВ од 10 отсто и за увозот на дел од тропското овошје и прерабптки од зеленчук.
Одлуката за над 1600 производи кои се оданочуваат со 10 отсто ДДВ е објавена во Службен весник на 28-ми септември. Но, за голем дел производи, велат извори на Телма, е оценета како нејасна и неспроведлива во пракса.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




