Гардијан: Градот на духовите на милионерите среде Киев
Објавено во: Стил 18 Септември, 2013 21:58
„Бевме треснати на земја во 2008 година ", вели Тарас Забкин , заменик шеф на Киевгострој- 1 , компанијата која го развиваше проектот.
„Нема да кријам дека тогаш побарувачката падна драстично“, вели тој за Гардијан и се сеќава дека во екот на продажбата во текот на летото на 2008 година, просечната цена за стан со површина од 120 квадратни метри била над 850 000 долари. Во моментов сличен стан чини само 365 000 долари. Забкин ги отфрла дефинициите на локалните жители , кои ја нарекуваат Воздвиженка " мртов град " , велејќи дека 50 од вкупно 250 -те станови таму се вселени, а работници работат 50 други за вселување на новите сопственици.
„Мора да се разбере дека многу од нашите купувачи живеат во странство и купуваат стан како инвестиција , " објаснува Забкин , додавајќи дека се надева оти ќе ги продаде и останатите апартмани до крајот на 2014 година.
Георги Духовични , истакнат архитект Киев , меѓутоа, тврди дека модерната Воздвиженка никогаш нема да биде населена и ги обвинува луѓето зад проектот за тоа дека бил разурнат еден од најубавите делови на градот.
„Има правила за конструкција, разум но и алчност која уништува ", вели тој. Духовични располага со фотографии на старата област Воздвиженка каде со векови живееле занаетчии и чии улици се именувани по нивните имиња. Името Воздвиженка доаѓа од локалната црква, а новиот план за обнова на регионот се појавува во почетокот на новиот век, додека работата на него започна во 2003 година. Духовични тврди дека градежните изведувачи планирале местото да личи на тоа од советско време , но во изградбата се зголемил бројот на катови.
Од 2010 година , кога првите сопственици се обидуваат да живеат таму , во локалните медиуми постојано се појавуваат поплаки за пукнатини во ѕидовите, вода во подрумите и проблеми со греењето. Забкин тврди дека сите овие проблеми се отстранети, додавајќи дека голем број политичари, спортисти и поп ѕвезди поседуваат станови во овој регион.
Засега на Воздвиженка можат да бидат забележани само градежните работници и минувачи. Еден од нив, студентот Олексеј Василевски, вели дека сака да се шета во оваа " убава, пространа и напуштена " област . Според него куќите се празни поради нивните цени.
„Луѓето кои имаат пари за слични апартмани , веројатно можат да си најдат добри места за живеење ", вели тој .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





