Гасификацијата на Македонија со 50 милиони евра во 2021
Објавено во: Економија 18 Март, 2021 07:00
Гасификацијата во Македонија во 2021 тргнува со 50 милиони евра, според финансискиот план на АД Национални енергетски ресурси, а поголемиот дел од овие планирани пари претпријатието ќе ги има за целосно национализирање на АД ГА-МА.
АД НЕР има 2,02 милијарди денари за купување на акциите на АД ГА-МА, снабдувачот на природен гас на Македонија, а тоа се парите кои веќе ги има обезбеднеи од Владата. Од Дојче банка и Ерсте банка се обезбедени 747 милиони денари за магистралните гасоводи Штип-Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар. Од Министерството за економија се предвидени 140 милиони денари, а финансиската конструкција се затвора со 250 милиони денари пренесени од ланската година.
Приоритет за АД НЕР, покрај национализацијата на АД ГА-МА, ќе биде изградбата на магистралните гасоводи. Според програмата за 2021, планирано е конечно да биде пуштен во употреба еден магистрален гасовод кај делницата Кавадарци - Неготино и поврзување на приклучоците со првите потрошувачи.
Се очекува во употреба да бидат пуштени и двете делници - Клечовце (Кавадарци) - Неготино и Неготино - Битола, од кои првата порано за што ќе има и дополнителна набавка на природен гас, а другата кон крајот на оваа година. По застојот поради Ковид-19, АД НЕР оваа година смета на забрзано реализирање и на експропријацијата.
Акционерското друштво во стопроцентна сопственост на Владата до крајот на годината смета и дека ќе биде избран оператор на мрежата за приклучување. За интерконекцијата со Грција се очекува Европската инвестициска банка да го одобри финансирањето, односно задолжувањето.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




