ГАСПРОМ ЦВРСТО ГО БРАНИ ПРОЕКТОТ: Работата на „Северен поток“ 2 оди според планот?
Објавено во: Економија, Свет 22 Август, 2016 12:34
Нема одложување на проектот за проширување на гасоводот „Северен поток“, изјавија од „Газпром“. Изградбата беше доведена во прашање по одбивањето на Полска да регистрира заедничко вложување на акционерите во проектот.
Според заменик-шефот на рускиот гигант Александар Медведев сепак тоа не е пречка за новиот гасовод. „Странските партнери сами ќе утврдат како ќе учествуваат во проектот“, коментира тој.
Варшава одби да дозволи заедничко вложување меѓу „Газпром“, Engie, OMV, Shell, Uniper и Wintershall со образложение дека тоа може да ја наруши конкуренцијата на локалниот пазар на гас. Во Германија сепак создавањето на претпријатието доби зелено светло.
Полското одбивање сепак може да биде сериозна пречка за проектот - според Третиот либерализационен пакет во областа на енергетиката компании кои се занимаваат со експлоатација на гас, не можат да бидат и мнозински сопственици во магистрални цевководи.
Тоа беше причината Брисел да запре со „Јужен поток“ - во него „Газпром“ настојуваше да задржи удел од 51%. Првичните планови за „Северен поток“2 беа руската компанија да држи 50%, а останатите партиции да бидат поделени меѓу нејзините западни партнери. Тоа требаше да биде оформено со регистрирањето на заедничко вложување.
„Гаспром“ предвидува да пренесува 55 милијарди кубни метри гас годишно по две нови цевки по дното на Балтичкото Море до 2019 година. На овој начин Русија ќе може да ги оствари плановите да запре или барем силно да го ограничи транзитот на гас преку Украина.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




