19 Декември, 2025
0.0398

ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

Објавено во: Економија 20 Март, 2023 18:02

Добивај вести на Viber

Не е шега дека ќе се носат работници од странство, за да се покрие недостигот кој сериозно го чувствуваат македонските компании.

Ангел Димитров од Организацијата на работодвачи, во интервју за МИА, вели дека најмалку три македонски агенции се во преговори за увоз на работна сила од странство. Според него, тоа е веќе востановена пракса во Хрватска и Бугарија, каде компаниите граделе и интернати за престој на работниците, кои главно доаѓаат од земјите на средниот и далечниот исток.

„Има земји со 114-115 евра минимална плата, а нашата плата е три пати поголема. Имаат исто така и многу полоши услови за живеење и работење“, рече Димитров во интервјуто.

Конкретно, Димитров добил понуда за работници од Непал, но се преговара и со Бангладеш, Пакистан и Индонезија.

„Ако тоа не го направиме, со селењето на младите надвор, ние ќе останеме без работници, економијата полека ќе пропаѓа, а буџетот ќе остане без пари. Значи, државата уште сега треба да се подготви, ако тоа не се направи, да се намали и број на пратеници во Парламент и број на министри во Влада и број на вработени во јавна администрација, бидејќи ќе нема пари за сите“, додаде Димитров

Димитров смета дека е потребна либерализација на пазарот на труд, а правата од Законот за работни односи да важат подеднакво и за домашните и за работниците од странство.

„Мислам дека Македонија не е држава, како некои арапски држави, каде што странците ќе работат по 20 часа, ќе немаат никакви права и ќе се третираат како граѓани од втор ред“, изјави Димитров.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии