19 Декември, 2025
0.0431

Газдите едвај наоѓаат добри работници, ама и работниците тешко стигнуваат до достоинствени плати

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2023 07:28

Добивај вести на Viber

И покрај кризата за работна сила во државата, повеќето македонски работници не се задоволни од своите примања.

Газдите се жалат дека тешко наоѓаат добри работници, а работниците имаат мака да се изборат за повисоки плати. Работниците сметаат дека заслужуваат повисоки плати, посебно во услови кога одливот од државата не запира. Ги анкетиравме граѓаните, со цел да видиме што мислат за висината на платите и дали тие пари се доволни за пристоен живот.

„Нормално дека треба да се покачат платите. Минималецот треба да биде 500 евра“, вели Емилија, граѓанка.

Не се задоволни ниту оние кои работат во државен сектор.

„Јас сум вработена во образование, така што и на нас треба да ни се покачат платите. Се зголеми минималецот, но другите плати останаа во место, така што примањата се несразмерни“, рече Александра, просветен работник.

Според граѓаните, ако овде има достоинствени плати, работниците не би се иселиле.

Има евтина работна сила и газдите си користат. Ако газдите ги покачат платите, работниците ќе ни останат тука, во државата“, вели средовечна кумановка.

Синдикатите постојано се поборници за повисоки плати и подобри услови за работа. Минималецот во Македонија изнесува 20.175 денари.

Милан Џинлев од Приорити солуции за вработување вели дека мора работниците да испорачаат резултати, но и газдите да ги почитуваат работниците. Повисоките плати секако се мотивација за работниците.

„Ако има дефицит за работници, луѓето треба да бидат мотивирани да се пријават за тие работни позиции. Зависи што се бара, дали се бараат општи работници, квалификувани работници, работници за во угостителство. Во нашето поднебје има многу фирми кои се борат за опстанок на пазарот, но сум против газдата да купи нов автомобил, нов стан, а при тоа на работниците да не им се покачи плататa. Ако работникот тоа го гледа, ќе се демотивира и секако работниците ќе почнат да ја напуштаат фирмата. Работодавецот мора да го почитува работникот затоа што тој му е движечка сила“, рече Џинлев.

Тој вели дека во Македонија допрва треба да учиме за многу работи,  но како успешен пример го наведува фактот дека во странство, и работниците имаат удел во одредени компании. Сепак, ние сме далеку од таков начин на функционирање.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната плата пораснала. Просечната нето-плата по вработен, во март 2023 година, изнесувала 34.925 денари. Во анкетата на националниот Демократски институт, чии резултати се објавена вчера, граѓаните како проблем ги посочиле ниските плати и пензии.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/BillionPhotos

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии