19 Декември, 2025
0.1115

ГАЗДИТЕ ВИДОА КАКО Е ДА СЕ РАБОТИ ВО НЕДЕЛА, И ВЕДНАШ СЕ ПИШМАНИЈА - ССМ со жестока реакција до Економија што трговските објекти ќе работат во недела во туристичките места

Објавено во: Економија 13 Мај, 2022 13:36

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија со остра реакција до Министерството за економија, зошто го менува законот со кој трговските објекти на мало ќе смеат да работат во недела. 

„Министерството за економија веќе им овозможи на газдите сами да работат во недела во туристичките места и во трговијата на мало и треба да биде потсетено дека водејќи грижа за работниците и нивните семејства и нивното неприкосновено право на заштита на човековото достоинство и семејни врености, водени од тоа дека работниците и граѓаните може и треба во својство на туристи да ги посетуваат нашите туристички места и да уживаат во нивните убавини, со измената на Законот за трговија и Законот за работни односи, ССМ и другите социјални партнери по пат на социјален дијалог обезбедија најголем број од работниците, вклучително и на работниците во трговијата, да бидат слободни и да не работат во недела, а газдите да работат.

Не смее заради тоа што газдите почувствуваа што значи да се работи во недела да им се ускрати таквото право, и повторно да се дозволи работниците да им работат, а тие да одмараат“, децидни се од ССМ.

Притоа, потсетуваат дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедиле можност специјализираните продавници или киосци во туристичките места под услови со закон да работат, а предвидена е и можноста за работа на моловите, штандови и киосци за време на спортски настани, фестивали, саеми, манифестации и слично, како и предвидена е можноста во продавници за трговија на мало со храна, пијалоци и сл работата да ја вршат лично сопствениците на продавниците.

На овој начин сметаме дека се покриени сите потреби на туристите во туристичките места од аспект на трговските услуги, со тоа што потсетуваме дека овие работници кои ќе бидат ангажирани за работа во недела имаат право на додаток на плата за работа во недела и за празници најмалку во висина од 100 отсто за секој час поминат на работа, како и право на неделен одмор во друг ден од неделата.

Потсетуваме дека ние работниците сме побројни, па нашето незадоволство ќе биде и соодветно изразено“, велат од ССМ.

Сојузот на синдикатите на Македонија како и во случаите на предходните иницијативи од други политички субјекти и во овој случај ќе покрене иницијатива до Собранието за законско решение со кое ќе побара да им се дозволи право на дополнителна работа од 8 часа неделено кои задолжително ќе се одработуваат во недела за функционерите кои размислуваат да поднесат Предлог – Закон за изменување и дополнување на Законот за трговија во делот недела неработен ден.

„Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата беше донесен по пат на социјалниот дијалог и како репрезентативен социјален партнер, ССМ очекува доследно да се почитуваат Законот за трговија и ЗРО вклучително и во делот на законските измени за недела – неработен ден и да не се озаконуваат незаконитостите, а најавениот предлог Закон од Министерството за економија ако е доставен до Собранието тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво!

Од овие причини ССМ и во преговорите бараше оваа материја да се регулира со Законот за работните односи за да се спречи министрите без социјален дијалог и без Економско социјален совет да уназадуваат работнички права и да удоволуваат на газди како во овој случај“, се вели во соопштението опд Сојузот на синдикатите на Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии