Газпром го одлага и намалува „Турски поток“
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2015 14:29
Гасоводот „Турски поток“ ќе биде изграден подоцна од планираното, и неговиот капацитет ќе биде преполовен, тоа го соопштил Александар Медведев, заменик-извршен директор на ОАО Газпром, цитиран од „Euobserver“.
„Бидејќи не постои договор помеѓу Русија и Турција, крајниот рок се менува“, нагласил тој. „До кога се одложува зависи од тоа кога ќе биде потпишувањето на договорот. Ако рокот се продолжи за една година, нема да биде трагедија“.
Од своја страна, рускиот министер за енергија Александар Новак појаснил кон крајот на минатата недела, дека капацитетот на гасоводот „Турски поток“ ќе биде намален до 32 милијарди кубни метри или двојно помалку од планираното.
Причината за оваа одлука е удвојување на капацитетот на „Северен поток“, кој испорачува руски природен гас за Германија.
Иднината на „Турски поток“ може да биде погодена и од активностите на Русија во Сирија. Москва ја налути Анкара со бомбардирањето во поддршка на режимот на Башар Асад, кој се смета за непријател на Турција.
Тензиите се зголемија уште повеќе, откако руските борбени авиони го нарушија турскиот воздушен простор, што според Кремљ било случајно, но за турските политичари и НАТО претставува намерен обид за провокација.
„Турски поток“, кој го заменува проектот „Јужен поток“, е долг 900 километри и чини 15 милијарди долари.
Во исто време, пониските цени на нафтата удрија по „Газпром“, чија добивка е намалена за 86% од минатата година. Од почетокот на 2015 година финансиските резултати на компанијата се подобруваат силно, но само ако се пресметуваат во рубљи. Сепак компанијата продолжува со реализацијата на голем број проекти, неповрзани со основна дејност, како кулата Лахти во Санкт Петербург, која ќе чини 3 милијарди долари и со своите 462 метри ќе биде највисоката во цела Европа.
Од руската компанија ја обвинуваат Европската унија дека намерно ги пренесува сите ризици за испорака на гас до потрошувачите во Европа врз Русија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




