Газпром нуди финансиска помош за Кипар
Објавено во: Свет 18 Март, 2013 10:32
Во замена за право на искористување гас, руската компанија Газпром предложила финансиска помош за преструктуирање на кипарските банки, јави телевизијата Сигма.
Во случај кипарските власти да се согласат со предлогот, Никозија ќе може да се откаже од намерата за одданочување на банкарски депозити во замена за заем од 10 милијарди евра колку што е кредитниот договор со ЕУ.
Медиумот посочува дека предлогот на Газпром упатен синоќа до кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, веројатно предвидува „целосна контрола на Газпром врз ресурсите од природен гас на Кипар“.
Извор близок до кипарскиот претседател дека Анастасиадис нема намера да го разгледа тој предлог бидејќи сака решението да биде во рамки на ЕУ.
Во синоќешното обраќање до нацијата Анастасиадис рече дека со неприфаќање на барањата од ЕУ ќе значи излегување на Кипар од еврозоната и соочување со банкрот.
- Бирам помалку болна опција и ќе се соочам со политички последици за тоа, со цел колку е можно да се ограничат последиците за економијата и нашите граѓани, рече тој.
Азиските берзи по отворањето регистрираа остар пад на акциите по стравувањето дека случувањата на Кипар може да ја разгорат должничката криза во еврозонаа и да ја погодат довербата на членките во криза како што се Италија и Шпанија.
- Присутно е чувество дека кризата со еврото може да се врати и да следува проширување, затоа е и таква реакцијата на пазарите, вели Шејн Оливер, економист во АМП Кепитал од Сиднеј.
Анастасиадис синоќа вети дека ќе се обиде да ги убеди европските држави кои наметнуваат строги услови да ги ограничат мерките на мали депоненти. Во замена за добивање 10 милијарди евра на Кипар е наметнат данок на сите депозити во домашните банки. Со тие мерки депозитите над 100 илјади евра ќе се одданочат 9,9 отсто додека оние со помала сума со 6,75 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




