„Газпром“ се повлекува од сопственоста на српската нафтена компанија НИС?
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2025 21:47
Руската енергетска компанија „Газпром“ практично се повлече од структурата на сопственоста на српската нафтена индустрија (НИС), откако дел од нејзините акции се префрлени на руската компанија „Интелиџенс“, објави Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на податоци од Белградската берза.
НИС се најде на списокот со американски санкции на почетокот на јануари поради врската со „Гаспром њефт“, која е под западни санкции заради руската инвазија врз Украина.
„Газпром“, кој претходно поседуваше околу 11,3 проценти од акциите, ги префрли на „Интелиџенс“, компанија со седиште во Санкт Петербург. Со тоа, уделот на „Газпром њефт“ во НИС се намали на околу 44,9 проценти, додека државата Србија поседува 29,9 проценти.
Американските санкции против НИС досега шест пати беа одложувани, а ново барање за одложување е поднесено на 19 септември, истиот ден кога се реализираше трансферот на акциите.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека стравува оти санкциите наскоро ќе стапат во сила. – Се плашам дека нема да има ново одложување и дека ќе се најдеме во исклучително тешка ситуација. Ќе се обидам да направам сè за време на разговорите со американските претставници, рече Вучиќ.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




