19 Декември, 2025
0.4723

„Газпром“ во дилема – кој гасовод да е приоритет …

Објавено во: Економија 15 Август, 2016 14:00

Добивај вести на Viber

Рускиот гасен гигант „Газпром“ е во дилема на кој гасовод од планираните да се обложува, пишува во анализа „Natural Gas Europe“. Во минатата недела стана јасно дека Полска „става прачка во тркалата“ на проширувањето на “Северен поток“, кој досега беше фаворит на Русија.

Во моментов „Газпром“ ја разгледува изградба на три големи гасоводи - „Северен поток“ 2 „Турски поток“ и рутата на Исток - кон Кина, а подоцна и дури до Јапонија преку терминали за течен гас.

Фаворит во руските планови неодамна беше „Северен поток“2, во кој учествуваат пет западни компании. Капацитетот му е 55 милијарди кубни метри природен гас годишно. Полските антимонополни органи сепак не дозволија создавање на заедничко вложување меѓу акционерите, што ќе одговара за реализација на проектот. Мотивот е дека тоа може да ја наруши конкуренцијата на пазарот.

Со затоплувањето на односите меѓу Москва и Анкара пак на дневен ред повторно излегува „Турски поток“.

Првичните планови се низ цевките да бидат доставувани 63 милијарди кубни метри гас годишно. Најголем дел од нив - кон Европа преку гасен центар на грчко-турската граница.

Плановите за испорака на гас за Кина пак се вршат исклучително бавно поради финансиски проблеми во „Газпром“.

Според анализата најочекуваниот развој е рускиот гигант да изгради многу брзо една цевка до турскиот брег со капацитет од 15,7 милијарди кубни метри гас, кој ќе ги снабдува потребните количества суровина за турската економија.

Паралелно компанијата ќе започне со изградбата и на едната од вкупно двете цевки и на „Северен поток“ 2.

Со замрзнувањето на „Јужен поток“ Русија го забави и исполнувањето на својот „Јужен коридор“ - трасата на гасот од наоѓалишта на север кон гасната станица „АНАП“ на Црното Море. Проектот е голем - во вредност од околу 12 милијарди долари.

Одложувањето сепак значи дека „Газпром“ во моментов ќе може да достави толку гас, да напојува само една цевка на „Турски поток“. Финансиската состојба на компанијата, пак, е таква што не е јасно кога по „Јужниот коридор“ ќе можат да потечат количества гас за да биде „Турски поток“ реализиран во целосен капацитет.

 „Газпром“ нема да го чини скапо да изгради една цевка на  „Турски поток“, особено со оглед на средствата, изгубени за „Јужен поток“, коментира аналитичарот Едвард Чоу. Според него и доцнењето на „Северен поток“ 2, исто така дава можност на Москва да го реализира токму овој проект.

Целта на Русија со плановите за нови патеки на гасот е јасна - заобиколување на Украина како транзитна земја. Трендот веќе постои - во 2006 година преку територијата на земјата за Европа биле транзитирани 128,5 милијарди кубни метри. Во 2014 година количествата паѓаат до 62 милијарди кубни метри.

Москва веќе соопшти дека ќе прекине со транзитот на гас преку Украина по 2019 година. Ако „Турски поток“биде изграден, тоа значи дека без гас ќе останат Бугарија и Грција. Според познавачите, сепак Русија ќе треба да пренесува меѓу 15 и 20 милијарди кубни метри природен гас преку Украина уште неколку години за да ги исполни своите договори.

Во однос на проширувањето на „Северен поток“ има уште едно тврдење - финансирањето. Во план 30% од средствата треба да бидат обезбедени од страна на акционерите, а 70% - привлечен капитал. Во отсуство на заедничко вложување, заемен капитал треба да биде осигуран од главниот сопственик - „Газпром“. Економските санкции на Европа кон Русија сепак може значително да го отежнат прибирањето на средства од пазарот на капитал.

Акционерите во „Северен поток“ 2 веќе изјавија дека одбивањето на Полска да овозможи заедничко вложување нема да го запрат проектот. А „Газпром“ покажал дека има флексибилна политика и може да се прилагодува спрема околностите, посочува весникот.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка