14 Декември, 2025
0.0606

Газпром:„Јужен тек“ ќе и помогне на Европа за излез од кризата

Објавено во: Свет 20 Ноември, 2012 16:53

Добивај вести на Viber

Проектот за гасоводот „Јужен тек“ може да и помогне на Европа да се справи со економската криза, ако Газпром добие “транспарентни правила на игра“, изјави заменик директорот на компанијата  Александар Медведев. „Недоразбирањето или поточно кажано воздржаниот однос кон проектот на Газпром, гасоводот „Јужен тек "е благо речено неконструктивно", истакна тој за време на форумот  „Гасот на Русија 2012“, пренесоа руските медиуми. Тој потсети дека конечните инвестициски одлуки за подводниот и копнениот дел на цевките се веќе донесени, а посочи и дека истакна и дека овој проект ќе ги поврзе европските корисници со најголемите руски наоѓалишта на гас. „ Ова ќе ни овозможи да не зависиме од природните катастрофи, техничките проблеми и други случајности. Зголемената побарувачка во студените зими и неодамнешните експлозии на гасоводот од Иран за Турција покажуваат колку е важна поставеноста на гасоводите за да имаме континуирано снабдување“, додаде тој . Медведев истакна дека за Европа денес е многу актуелно да биде претворена во привлечен инвестициски пазар. Според него, Европа, за разлика од САД, е во буџетската криза која веќе тропа на вратата на земјите како Грција, Португалија и Шпанија. „Денеска беше намален кредитниот рејтинг и на Франција, па наместо да се стимулираат капиталните инвестиции, ЕУ го спречува нивниот раст, создавајќи нови и нови бирократски бариери.Владите на различни земји сега ги сметаат инфраструктурните проекти како начин за борба против економската криза.„Јужен тек“"може да се претвори во најголемиот инвестиционен објект за сите земји-учеснички. И тој ќе биде таков", изјави потпретседателот на "Газпром" . Тој потсети дека во Србија и Унгарија проектот веќе се реализира, а во Бугарија изградбата ќе може да почне уште следната година. Медведев истакна и дека некои земји кои првично не сакале да учествуваат, во моментов размислуваат за можноста да се приклучат на гасоводот „За разлика од другите играчи, ние не сакаме субвенции. Ние само бараме да се обезбеди транспарентна конкурентна средина. Почнувајќи од градежништвото, ние се потпираме на фер пристап на властите во ЕУ. Овој приод треба да биде транспарентен и недискриминаторен“, истакна тој.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск