Геј парада се одржа во Приштина
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2016
Неколку стотици припадници на хомосексуалната и лезбејската заедница во Косово денеска ја одржаа првата геј парада во Приштина.
Тие бараат прифаќање и почитување на нивните права. Колоната ја предводеше косовскиот претседател Хашим Тачи, пренесува Танјуг.
Учесниците во парадата под силно полициско обезбедување поминаа низ центарот на Приштина, веејќи знамиња со боите на виножитото. Парадата е организирана по повод Меѓународниот ден на борбата против хомофобијата.
На парадата присуствуваа и британскиот и американскиот амбасадор во Приштина, со цел да им изразат поддршка на геј, лејзбејките, бисексуалните и трансродните лица. Парадата помина без инциденти.