26 Ноември, 2024
0.0301

Геометриева: Kако е да се дизајнира логото за Meta Gen AI

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Гигантот Meta го вложи речиси целиот капацитет во развој на виртуелниот свет - метаверзумот кој ќе биде нов простор за поврзување и работа, а неизбежно ги интегрира и новите технологии на вештачка интелигенција во сите апликации и социјални мрежи.

Дел од оваа приказна е и Нина Геометриева, која од Скопје, стигна до најголемите светски технолошки брендови, градејќи импресивна кариера, а сега е дел и од создавањето на новото лого за генеративна вештачка интелигенција на сите апликации кои ги поседува Марк Закерберг.

Геометриева: Целиот проект почна необично. Јас по струка сум UX дизајнер, но бидејќи имам искуство со графички дизајн се вклучив во група на дизајнери на Meta со задача да го обмисли симболот што ќе претставува вештачка интелигенција на сите четири апликации Instagram, Facebook, Messenger и WhatsApp.

Дојдов до една идеја ненадејно, сите во ВИ индустријата го користат горе-доле истиот симбол, а тоа е четирикрака ѕвезда. И тогаш ми дојде идеја што ако наместо да се разликуваме според формата на таа ѕвездада се разликуваме по формата на честичките ...  што се дел од симболот.

Пробав неколку варијации, баш беше цртеж на салфетка и луѓето реагираа одлично. Се претвори во скица која стигна до Марк Закерберг и тој ја обожаваше идејата и тоа прерасна во официјалниот симбол што ја претставува генеративната ВИ. 

Очекувањата од Метаверзумот се огромни. Ќе се исплати ли инвестицијата на Закерберг?

Геометриева: Метаверзумот е се уште некоја луда идеја. Уште е на почетоците. Ако сите навистина за неколку години почнеме да работиме во виртуелна реалност, и наместо лаптопи користиме хедсетс или наочари, тоа ќе ни овозможи да работиме многу пофлексибилно.

Значи ќе можам да стојам и да работам, да одам и да работам, да шетам и да работам. Ќе ми ги ослободи рацете, не мора да работам со тастатура и маус, самиот начин на интеракција со било каков софтвер  ќе изгледа поинаку и тоа на некое фундаментално ниво ќе смени се.

Што значи подемот на ВИ алатките за креирање содржини?

Геометриева: ВИ ќе биде многу неоходен битен дел тоа како се работи во смисла на дигитални професии. Ќе ги промени самите професии. Што значи тоа да си дизајнер, што ти всушност дизајнираш, кој аспект е автоматизиран, кои аспекти се подобро изведени од ВИ наспроти од човечка рака.

Искрено не мислам дека дизајн како професија или маркетинг нема да постојат туку начинот на работа ќе се смени и сите ќе работиме побрзо и поефикасно затоа што ќе може да ги искористиме овие „ненормални“ моќи кои ни се овозможени со ВИ.

Корисниците ќе имаат многу бенефити и подобри производи со ВИ.

Геометриева: Тие ќе ги почувствуваат овие ефекти поиндиректно, ќе забележат како се се менува побрзо, компании побрзо ќе се основаат, побрзо ќе успеваат и пропаѓаат, се ќе забрза на некој начин. Во таа атмосфера мислам дека корисниците се во добивка бидејќи ќе имаат поголем избор на производи кои ќе бидат поевтини и подостапни и затоа мислам дека е вин-вин сценарио.

Дизајнот фундаментално ќе се промени и како професија, но и како функционалност.

Геометриева: Мислам дека дизајнот станува се поатрактивна професија, се повеќе и повеќе интерес има и се поисплатливо е да си дизајнер, платата на дизајенрите постојано расте, иако не е на ниво на инженерите стигнува многу блиску.

Не верувам многу во трендови, има визуелни трендови кои изгледаат модерно, а за две години застарено. Кога се работи за UX дизајн на корисничко искуство трендовите се малку поинакви. Би размислува во насока како начинот на работа, медиумите и алатките ќе се сменат и како тоа ќе го промени нашиот процес како дизајнери.

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата