ГЕРАСИМОВ ГО ИНФОРМИРАЛ ПУТИН: Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск

Објавено во: Свет 20 Април, 2025 07:30
Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск што беше заземена од Украинците, велат руските власти. Руските војници повторно го вратиле под своја контрола селото Олешња во областа Курск.
Началникот на Генералштабот на Армијата на Русија, Валери Герасимов го информирал претседателот Владимир Путин дека руските сили повратиле повеќе од 99 отсто од територијата на Курск што украинската војска ја окупираше лани во август.
„Во областа на Курск, каде што украинските вооружени сили извршија упад, најголемиот дел од територијата сега е ослободен. Станува збор за 1.260 квадратни километри или 99,5 отсто од територијата“, рече Герасимов.
Путин прогласи примирје за Велигден, но украинската страна е скептична. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Путин манипулира со човечките животи.Но, украинските власти неодамна кажаа дека украински војници има во Белгород. Русија и Украина повеќе од три години се во војна.
Можеби ќе ве интересира
„САКАМЕ ДА ГО РЕШИМЕ ОВОЈ ПРОБЛЕМ ЗАЕДНО, НЕ ДА ЗАВРШИ ВО ГЕРМАНИЈА“: Мерц тврди миграциската политика е во согласност со соседите

ПАНИКА ВО ЧЕШКА - Американец ставен во изолација поради сомневање за ЕБОЛА: Бил во контакт со 26 лица

ШВАЈЦАРЦИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Откажани 1.400 летови, авиокомпанијата ја откри причината

„Русија војуваше со Шведска 21 година, колку долго може да издржите“: шефот на руската делегација во Турција им побара на Украинците

ТРАМП ЗАКАЖА РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН! Дали судбината на Украина ќе биде решена на ОВОЈ ДАТУМ? „Да го запреме ова крвопролевање!“

ЛАВРОВ РАЗГОВАРАШЕ СО РУБИО: Резултатите од преговорите меѓу Москва и Киев се објавени

НЕВЕРОЈАТНО - двегодишно дете падна од 15 кат и преживеа, еве како

КРЕМЉ ГИ ОБЈАВИ УСЛОВИТЕ ЗА СРЕДБА МЕЃУ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ - прво ова мора да се случи!
СПЕКТАКУЛАРНО БЕГСТВО - Затворениците ги искорнале тоалетите, чуварите ШОКИРАНИ: погледнете ја снимката!
