27 Јануари, 2025
0.0130

ГЕРИЛА АКЦИЈА НА ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА: Со бакли упатено последно предупредување до власта

Објавено во: 17 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Со бакли вечерва Шарената револуција го означува крајот на одбројувањето и ултиматумот кој граѓаните и го дадоа на власта.

Видео: Фејсбук Шарена Револуција

Тие со запалени бакли исцртаа единица на булеварот „Климент Охридски“, а  на власта и Уставниот суд им пратија порака дека им останува уште еден ден до исполнување на нивните барања.

sarena

Активистите на оваа револуција која  веќе два месеци секојдневно протестира со разни акции бараат од Уставниот суд да го стави на дневен ред и да се  произнесе за уставноста на Специјалното обвинителство, актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да поднесе оставка и да се формира преодна Влада која ќе ги примени реформските приоритети од извештајот на Прибе и ќе организира фер и демократски избори.

За на 20 во понеделник е најавен масовен марш на шарената револуција закажан за 19 часот од пред СЈО.