Сашо Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2025
Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс (позајмица вон договор) за Клиниката за онкологија и радиологија и со тоа да му се билда профитот на веледрогеријата добавувач.
И додека болните од рак цела недела чекаат решение за недостигот на биолошки терапии, политичките партии се судираат околу тоа кој е виновен за недостигот на лекови. Објаснувањето на власта за ваквиот недостаток генерално беше дека немало добра пресметка за тоа колку и кои лекови се потребни и дека веледрогеријата ги уценува со набавките.
- Финансиите не се проблем, обезбедивме доволно финансии со ребалансот за 2025. Она што се случува е тоа дека се обидуваме од минатото незаконско работење да преминеме во законско работење. И сега можеме на реверс да се јавиме да не недастусаваат лекови, но тоа е незаконскии. Така правите ѓаволски круг. Тој круг мора да се затвори, рече Клековски.
Во меѓувреме, вели тој, се чека од Јавното обвинителство да го расчисти веќе отворениот случај со работењето на Клиниката за онкологија до чии наоди дојде Државниот завод за ревизија.
- За одредени лекови ќе се бара донација како решение, за некои ќе има анекс на постоечките договори, а за некои ќе се прават директни договори со производителите, а не со веледрогериите, дополни Клековски за тоа кои се можните решенија за кризата, а без при тоа да не се кушуваат лекови на реверс со многу повисока цена.
Можеби ќе ве интересира
ХРВАТИТЕ СЕ ЗАПРАШАА: Зошто во туризмот ја губиме ценовната предност пред конкурентите

НАБРГУ ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КУПУВАЧИ?: Лидл тестира нов концепт во своите продавници

БЕНЕТОН ГИ ПОТВРДИ НАЈЛОШИТЕ ВЕСТИ: Го затвораме производниот погон во Ниш, ќе ги почитуваме обврските кон работниците

НОВОТО ЕЛЕКТРИЧНО ТWINGO ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА НА БАЛКАНОВ: На производната лента ќе му се придружи и Nissan Pixo.

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО ДОБИЛЕ ПРЕМНОГУ ВИСОКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА - приговор прво до ЕВН ХОМЕ, а ако не сте задоволни - до РКЕ

Министерството за Енергетика и Светската Банка заедно работат на проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност

„ВЕЧНА ТИ СЛАВА БРАТ МОЈ, МИ БЕШЕ ЧЕСТ ШТО ТЕ ПОЗНАВАМ“ - Вилијам Михајловски Вили се прости од Игор Југ

„ОД ЛОЗАРСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА ЖИВЕЕ ЕДЕН ПОМАЛ ГРАД“: Дане Јованов Хермес во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ЗОШТО Ј.П.МОРГАН ГО ПОВЛЕЧЕ ЗЛАТОТО ОД ЕВРОПА И ГО ПРЕНЕСЕ ВО ЊУЈОРК? Направен е најголем трансфер на злато во последните децении
